


Во нашата лабораторија се изведуваат широк спектар на лабораториски анализи од областа на биохемијата, хематологијата и имунологијата, со примена на современа технологија и стандарди за квалитет.
Лабораторијата има склучен договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Со цел да обезбедиме сеопфатна услуга, одредени анализи се реализираат во надворешна соработка со специјалистички лаборатории.
Алергиите често остануваат непрепознаени и можат значително да го нарушат квалитетот на живот.
Во нашата лабораторија нудиме три специјализирани алерго панели:
Секој панел опфаќа 30 специфични алергени со висока дијагностичка точност.
Нашиот нов биохемиски анализатор Mindray BS-600 овозможува брза, автоматизирана и високо прецизна обработка на широк спектар лабораториски анализи
Нашата цел е да обезбедиме лабораториски медицински услуги по прифатливи цени и со највисок квалитет.
Последна технологија за сигурни резултати.
Лабораторијата Ројал Медика е основана во 2007 година, и оттогаш, ние сме посветени на подобрување на нашиот однос со пациентите.